Илир Вела

Д-р Илир Вела е хирург на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Работи и како асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ . Член е на Европското здружение на торакални хирурзи. Извесно време работел во болницата за болести на градниот кош во Кувајт Сити. Учесник е на неколку меѓународни студиски конференции и обуки.

Истовремено Д-р Илир Вела e професионален одбојкар, својот главен придонес го дал за одбојкарскиот клуб „Шкендија“

Сподели:

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin